Српските медиуми информираат дека шампионот на оваа земја Црвена Звезда успеала да се договори со Александар Коларов за трансфер на „Маракана“.
По преговори со тренерот Дејан Станковиќ и генералниот директор Звездан Терзиќ поранешниот репрезентативец ќе потпише едногодишен договор со опција за уште една сезона за плата од 600.000 евра по сезона..
Покрај Коларов, црвено – белите од Белград идната сезона ќе биде посилни за уште дваjца познати српски фудбалери Александар Драговиќ и Александар Пријовиќ.