среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Александар Митровиќ три години во Ал Хилал

Александар Митровиќ три години во Ал Хилал

Фулам ќе инкасира 50 милиони фунти за репрезентативецот на Србија, Александар Митровиќ кој станува нов играч на тимот на Ал Хилал.

Напаѓачот потпишува тригодишен договор, и се обврзува на соработка, до 2026 година во една од најголемите трансфер саги во последните години.

Митровиќ едноставно одби повеќе да биде дел од тимот на Фулам и инсистираше на трансфер. Сето тоа во Англија воопшто не беше добро прифатено, но на крајот Фулам мораше да се согласи на преселба на напаѓачот.

Со ова Митровиќ ќе се придружи на ни помалку ни повеќе туку Нејмар, кој пристигна во Ал Хилал пред неколку дена, како и на неговиот сонародник Сергеј Милинковиќ Савиќ. Малколм исто така е дел од овој тим.