Најдобриот македонски фудбалски судија Александар Ставрев е одреден да биде главен судија на квалификациската средба за пласман на Светското првенство 2022 меѓу Кипар и Словачка која ќе се игра на 24. март во Никозија.
Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, а четврти судија е Игор Стојчевски.
Покрај Ставрев и Стојчевски, од Македонија со знакот на ФИФА за главен судија е уште и Дејан Јакимовски, кој поради повреда и ангажираноста на работното место не судеше минатата година.
Единствениот контролор на судење од Македонија, претседалот на Судискиот одбор на ФФМ, Емил Божиновски, кој пред две недели беше контролор на мечот од Лига на Европа меѓу Гранада и Молде, доби уште една задача од УЕФА. Ќе биде контролор на судење на квалификациската средба за Светското првенство на 31. март меѓу репрезентациите на Сан Марино и Албанија.
Ќе патува и единствениот делегат за меѓународни натпревари од нашата држава Васко Дојчиновски. На 25. март ќе биде делегат исто така на квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Бугарија и Швајцарија што ќе се игра во Софија.