Најдобриот македонски фудбалски судија Александар Ставрев е делегиран да биде главен судија на мечот меѓу големите ривали, Шкендија-Вардар, средба која ќе се игра во недела од 14 часот.
Натпреварите од 20 коло започнуваат со дуелот Работнички – Силекс, га лавен судија е Грујоски од Кичево, аспирантот за титулата, Шкупи ја пречекува Академија Пандев со стружанецот Качевски како главен судија.
Иванов од Велес ќе ја дели правдата на средбата Пелистер-Ренова, Трпчевски од Кавадарци е главен на мечот во Струмица, Беласица го пречекува тимот на Струга ТЛ, додека Стојчевски од Скопје ќе го суди мечот меѓу Македонија и Борец во Ѓорче Петров.