Македонскиот најдобар судија, Александар Ставрев, ќе биде главен судија на финалето во Купот на Македонија. Финалето на националниот куп е на програмата е во среда на Националната Арена во Скопје.
Познато е дека во битката за пехарот се среќаваат екипите на Академија Пандев и Силекс, а мечот стартува во 19:00 часот.
На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, додека четврти ќе биде Марјан Маркоски, кој со овој меч веројатно се простува од својата долгогодишна успешна судиска кариера.