вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Алер мора на хемотерапија- боледува од малиген тумор

Алер мора на хемотерапија- боледува од малиген тумор

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Алер, ќе мора на хемотерапија, откако дополнителните прегледи констатираа дека боледува од малиген тумор на тестисите, соопшти спортскиот директор на бундеслигашот, Себастијан Кел.

Францускиот фудбалер, кој настапува за репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска, неодамна го оперираше туморот, а од германскиот клуб истакнаа дека од теренот ќе отсуствува неколку месеци.

– Себастијан ќе добие најдобар можен третман. Шансите да оздраве се многу добри. Нему и на неговото семејство му посакуваме најпрво сила и оптимизам. Нашите мисли во овие тешки моменти се со нив. Би ги замолил медиумите, навивачите и сите луѓе дека нема да даваме нови информации за состојбата на Алер во блиска иднина, изјави Кел за клупскиот сајт.

Алер ова лето се пресели во Борусија Дортмунд од Ајакс, а бундеслигашот за неговите услуги плати обесштетување од 31 милиони евра.