четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алфонсо Дејвис – од бегалски камп до СП во Катар

Алфонсо Дејвис – од бегалски камп до СП во Катар

Клучен играч на канадската фудбалска репрезентација е 22-годишниот крилен напаѓач Алфонсо Дејвис зад кого е неверојатна животна приказна – од раѓање во бегалски камп во Гана до настап на Светското првенство во Катар.

Алфонсо Дејвис е роден во бегалски камп во Будурама во Гана, како четврто дете во семејство кое пребегнало од главниот град на Либерија, Монровија, за време на Втората либериска граѓанска војна која расели повеќе од 450.000 Либеријци.

-Тоа беше тешко време. Додека растев слушајќи ги тие приказни, само сакав да создадам подобар живот за моето семејство, се присетува Дејвис.

Заедно со семејството во 2005 година емигрирал во Канада, населувајќи се во Едмонтон. Дејвис во 2017 година добива канадско државјанство, а истиот ден е приклучен на репрезентацијата во пријателскиот натпревар против Куракао.

Со 16 години стана најмлад играч кој настапил во американската МЛС лига, а две години подоцна се пресели во германскиот гигант Баерн Минхен, со кој досега освои 12 трофеи.

-Не дозволувајте му на никого никогаш да ви рече дека вашите соништа се нереални. Продолжете да сонувате, порача Дејвис пред настапот на Мундијалот во Катар на кој Канада вчера незаслужено загуби од Белгија (0-1) во воведниот натпревар, а во рамки на групата Ф и престојат дуели со Хрватска и Мароко.