сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алиоски: Да веруваме во себе и да одиграме на високо ниво против Финска и Азербејџан

Алиоски: Да веруваме во себе и да одиграме на високо ниво против Финска и Азербејџан

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Финска и Азербејџан кој ќе се одиграат на 17 и 20 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски смета дека иако натпреварите се пријателски ќе се обидеме да ги добиеме. Вели дека треба да веруваме во себе и да одиграме на високо ниво.

– Почит за фудбалерите кои дојдоа да ги одиграат овие два натпревари, затоа што не е лесно после голем број клупски мечеви да се остане на топ ниво – вели Алиоски.

Влезниците се продаваат по цена од 150. денари за северната трибина, 150. денари за јужна трибина (блокови 1, 2, 5 и 6) и 200. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Сезонава 30-годишниот дефанзивец Алиоски настапува за Фенербахче (на позајмица од Ал Ахли, Саудиска Арабија) и моментно има девет настапи и еден гол во турската Суперлига.