По неуспешниот обид во претходниот трансфер период, екипата на Трабзонспор се надева дека ова лето ќе успее да го убеди Езџан Алиоски.
Македонскиот репрезентативец замина од Лидс Јунајтед и се пресели во Саудиска Арабија. Но, наскоро би можел одново да менува играчка средина, бидејќи турскиот клуб сериозно размислува за него на левата бековска позиција.
Според некои турски медиуми популарниот Џани е во Истанбул, каде ќе седне на маса со претставници на клубот. Заедно со својот менаџер и официјално ќе ги започне преговорите за евентуален трансфер во Трабзон.
30-годишникот се претстави во добро светло во Лугано, од каде доби можност да настапува во Премиер лигата под палката на Марсело Биелса во Лидс.