Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски ги сподели очекувањата во пресрет на утрешниот меч во Лигата на нации.
– Го исполнивме сонот овде, се пласиравме на Европско првенство, но тоа е веќе зад нас. Не е важно дали играме пред полни трибини или без публика, навивачите не се на теренот, за добар резултат треба да одиграме добар фудбал, а ние сме дојдени за да го покажеме нашиот квалитет. Поразот дома (0:3) навистина беше болен за нас и ќе се обидеме да победиме тука.Не е потребно јас како повозрасен да ги мотивирам помладите. Овој дрес е мотивација сам за себе. Победа ќе ни донесе уште подобра атмосфера. Не сме под притисок и мислиме само на тимот – изјави Алиоски на официјалната прес-конференција.