Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџјан Алиоски по една година на позајмица во турскиот гигант Фенербашхе се збогува од истанбулскиот клуб и се враќа во саудиски Ал Ахли.
Алиоски ланското лето дојде на едногодишен заем од Ал Ахли откако овој клуб испадна во втората лига, но се врати експресно во елитата, иако прашање е дали Алиоски ќе продолжи пак во Саудиска Арабија или ќе бара друг клуб, зашто се појавуваа изминатиов период низа информации дека сака да остане во Турција и дека има понуди од други клубови од оваа земја.
„Секогаш е тешко да се каже збогум, но таков е животот. Благодарам на големата поддршка и ми беше чест да бидам дел од овој голем клуб“, објави Алиоски.