вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алиоски со голчиште ја потврди победата на Фенербахче (ВИДЕО)

Алиоски со голчиште ја потврди победата на Фенербахче (ВИДЕО)

Езѓан Алиоски доби само десетина минути игра за Фенербахче во мечот со Адана Демирспор, но и тоа му беше доволно да постигне прекрасен гол за потврда на 4:2 победата на својот тим.

Фенер имаа 3:0 водство на мечот по двата гола на Енер Валенсија и обидот на Миха Зајц, но гостите се вратија во игра со головите на Белханда и Ѕјуба, пред Алиоски во 80. минута да влезе во игра и четири минути подоцна да блесне.