Џани Алиоски вели дека во модерниот фудбал тоа се само бројки и статистика и најважна е мотивацијата и посветеноста кај играчите.
– Не е лесно да дојдеме после сите натпревари кои ги имавме во нашите клубови. Најважно е да немаме повреди, овие пријателски натпревари се важни за нас и сакаме да ги добиеме. Не е важно дали е пријателска или квалификациски натпревари, најважен е резултатот и играта која ќе ја прикажеме.Ранкингот е само статистика, веќе нема фаворити веќе во фудбалот. Наѓе е да веруваме во себе и да го дадеме најдоброто. Да се стремиме кон подобри резултати бидејќи знаеме каков квалитет поседуваме.Во актуелниот фудбал, секогаш мора да бидете на врвно ниво и сакам да искажам голема почит до сите играчи кои дојдоа тука. Сите се изморени, лесно се заработува повреда и ќе треба да бидеме многу дисциплинирани и мотивирани за да дојдеме до победа. Не е лесно да се играат вакви натпревари после обврските кои ги имавме на клупски план Но, ние го сакаме фудбалот, сме го одбрале ова и затоа сме тука, – изјави Алиоски.