Mакедонскиот фудбалски репрезентативец и член на Лидс, Езџијан Алиоски се најде под истрага на англиската фудбалска асоцијација или ФА.
Причина е гестикулацијата на Џани со плазење на јазикот на вчерашниот меч со Барнли кон противничкиот фудбалер Двајт Мекнил. Како што информира тренерот на Барнли, еден негов играч го пријавил случајот до службените лица на тој натпревар.Инаку пријавата е доставена до ФА која секако дека ќе покрене истрага за Алиоски.
Од друга страна тренерот на Лидс, Марсело Биелса исто така посочи дека не ја видел целата ситуација.