Бразилскиот голман Алисон Бекер се врати во Италија за прв пат по неговото заминување од Рома. Алисон кој утревечер со Ливерпул ќе му гостува на Наполи, на тамошните новинари им кажа дека многу тешко го поднел заминувањето од Рома.
– Плачев како мало дете кога го напуштив Рим, тоа беше тежок момент за мене. Рома ми даде многу, а во тој град ја најдов мојата жена, се роди моето дете, стекнав многу пријатели. Одлуката да си заминам беше чисто од спортска природа, рече Алисон.
Бразилскиот чувар на мрежата смета дека со трансферот во Англија напредувал во кариерата.
– Преселбата во Ливерпул е чекор напред во мојата кариера и мило ми е што Рома од мојата продажба заработи многу пари.
Алисон Бекер се пресели во Ливерпул за 63,5 милиони евра лето, што тогаш беше рекорд за голмански трансфер.