Фудбалската репрезентација на Уругвај има нов селектор во 46-годишниот Диего Алонсо како наследник на легендарниот Оскар Табарез, кој по 15 години минати на должноста минатиот месец доби отказ.
Уругвајската фудбалска федерација сè уште не објави детали, но локалните медиуми јавија дека со Алонсо е потпишан договор до крајот на јужноамериканските квалификации за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.
Табарез мораше да замине од сеекторското место по серијата лоши резултати во мундијалските квалификации, оставајќи го Уругвај седмопласиран со бод помалку од Колумбија и Перу, кои се на четвртото и петтото место. Првопласираните четири репрезентации обезбедуваат директен пласман на Мундијалот во Катар, додека петопласираниот тим ќе игра бараж.
Алонсо со својата тренерска кариера предводеше повеќе јужноамерикански екипи, а неговите последните два тима беа мексиканскиот Монтереј и американскиот Интер Мајами.