Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги пофали своите избраници за перформансите во сезонава што е пред крај. Италијанецот рече дека 2021/22 може да биде за него најуспешна сезона.
– Никогаш не сум бил на таа позиција во оваа фаза од сезоната. За една недела станавме шампиони и стигнавме до финалето на Лигата на шампионите. За целосна среќа би било одлично да ја освоиме Лигата на шампионите на 28 мај и ќе се обидеме да го направиме тоа. Ако победиме, тоа ќе биде најдобрата сезона во мојата кариера, изјави Анчелоти.
Претходно Анчелоти беше тренер на Милан, Јувентус, Челзи, ПСЖ и други клубови.