четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Заслужено ја победивме Барселона

Анчелоти: Заслужено ја победивме Барселона

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека неговиот тим заслужено ќе игра во финалето на Купот на Шпанија.

Реал синоќа на гостински терен ја победи Барселона со 4:0 во реваншот од полуфиналето од националниот куп.

– Имавме одличен натпревар и тоа беше заслужен резултат. Одигравме многу добро во второто полувреме, во многу тежок натпревар. Кога имавме можност создававме опасност при премините од одбрана во напад. Направивме сѐ како што треба, и во напад и во одбрана. Денеска Бензема беше ладнокрвен како и секогаш, изјави Анчелоти, цитиран од „Football Espana“.

Финалето на Копа дел Реј меѓу Реал Мадрид и Осасуна ќе се одржи на 6 мај.