петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти застана во одбрана на Бензема: Тој не ме загрижува

Анчелоти застана во одбрана на Бензема: Тој не ме загрижува

После мечот со Барселона во Купот на Кралот испратени беа критики кон Карим Бензема и неговото издание, но тренероот Карло Анчелоти веднаш застана во негова одбрана.

-Не можете да дадете гол на секој натпревар. Карим не ме загрижува. Тој изгледа добро. Тој е подобар отколку во првата половина од сезоната, тоа е сигурно. Ние сме добри во напад, ние сме тимот што има постигнато најмногу голови во Ла Лига, -рече Анчелоти кој воедно смета дека нема никаков проблем Модриќ и Крос да играа заедно на теренот.

-Не гледам проблем. Брзината на настапот не е повеќе да се истрча, тоа е за пефективно размислување. И двајцата имаат искуство и знаење да размислат пред да ја добијат топката. Топката треба да направи трчање, топката не се поти ,-подвлече Италијанецот.