Нерешениот резултат на ПСЖ против Клуб Бриж предизвика голем број реакции во фудбалскиот свет, посебно затоа што од првата минута настапија, Меси, Нејмар и Мбапе.
Со ова трио многумина очекуваа повеќе голови во мрежата на Клуб Бриж, но тоа не се случи, па Бриж освои голем бод (1:1).
Играта на ПСЖ ја критикуваше и поранешниот француски напаѓач Николас Анелка.
-Ова беше ПСЖ каков што не сакаме да го гледаме. Можеби беше добро само првите 15 минути, потоа се беше лошо. Немаше никаков интезитет во играта, слабо игравме во одбраната и без идеја во нападот. Не видовме ништо во офанзивната, ако не се смени нешто нема да стигнат далеку во ЛШ, изјави Анелка.