Ангелчо Тимовски и официјално е претставен како нов фудбалер на шампионот на Македонија, Шкупи. Тој на Чаир доаѓа од редовите на тетовска Шкендија каде ја мина минатата сезона.
Тимовски минатата сезона во дресот на Шкендија одигра 27 натпревари на кои двапати се запиша во листата на стрелците.
Покрај во тетовскиот клуб во кариерата ги бранеше и боите на Силекс и Победа. Станува збор за фудбалер кој игра на десната бековска позиција, и само треба да ја зголеми конкуренцијата во таборот на првакот пред настапите во квалификациите за Лигата на шампионите и дуелите најпрво со Линколн, а потоа ако мине и со големиот Динамо Загреб во 2. квалификациско коло.