петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ангеловски нов тренер на Горица

Ангеловски нов тренер на Горица

ИГОР АНГЕЛОВСКИ е новиот тренер на Горица, соопштија од клубот Великa Горица.

Горица синоќа по поразот од Истра од 2:0 го разреши Самир Топлак, но веднаш го назначи неговиот наследник кој ќе го преземе првиот тим.

Ангеловски е невработен од 2021 година кога ја напушти македонската репрезентација која лани ја водеше на Европското првенство.

Ангеловски наводно бил во комбинациите за тренер на Хајдук откако минатата година Јенс Густафсон доби отказ од „Пољуд“, но ништо од тоа.

Горица го сакала и претходно, но не можела да се договори со него, но овој пат успеале во тоа. Ангеловски беше селектор на Македонија од 2015 до 2021 година, а претходно работеше како помошник селектор во репрезентацијата.

Единствен ангажман пред тоа му беше како селектор на Работнички. Како селектор на Македонија забележа 23 победи, 11 нерешени и 19 порази на 53 натпревари.

Ја презема Горица на претпоследното место во ХНЛ со само една победа во шест кола.