сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ангеловски: Понудив оставка, претседателот ја одби

Ангеловски: Понудив оставка, претседателот ја одби

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски за хрватските медиуми потврди дека понудил оставка од тренерското место во Горица, но бил одбиен од раководството на клубот.

Игор Ангеловски се уште нема победа во хрватското првенство во Горица, во седумте меча во кои ја водеше екипата има шест порази и едно реми. Триумф има само во Купот на Хрватска.

Откако Горица загуби и против Локомотив Москва која им е конкурент во битката за опстанок, Ангеловски понудил оставка, но првиот човек на клубот не ја прифатил.

„Дуелот со Локомотива беше добра шанса да стигнеме до победа и да фатиме чекор со останатите екипи кои се на долниот дел од табелата. Но за жал одигравме две разлини полувремиња. Во првото бевме лоши, во второто многу подобри, но сепак не успеавме да дојдеме до поволен резултат“, вели Ангеловски за медиумите во Хрватска.

„Изгубивме, по што од морални причини почувствував потреба да отидам во канцеларијата на претседателот и да понудам оставка. Тој не прифати и сега се подготвуваме за мечот со Хајдук“.

„Со раководството се договоривме за неколку работи и мислиме дека можеме да се извлечеме од оваа ситуација. Играчите треба да сфатат во каква ситуација сме, мора да кренеме глави и на следните четири меча да освоиме колку што е можно повеќе бодови“.