сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ангеловски: Против Казахстан со нешто поразличен состав

Ангеловски: Против Казахстан со нешто поразличен состав

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува вториот тест-натпревар пред почетокот на Европското првенство. По дуелот со Словенија во вторникот, утре на гости во Скопје доаѓа Казахстан. Селекторот Игор Ангеловски најави поголема минутажа за играчите кои не се во првите единаесетмина.

-Ќе го искористиме овој натпревар како подготвителен тренинг. Можеби ќе излеземе во поразличен состав од оној со Словенија. Сакам да им дадам повеќе минутажа на некои што играат помалку. Казахстан има млад и квалитетен состав, тоа го покажаа играјќи 1-1 со Украина. Што се однесува до здравствениот билтен Ферхан Хасани има мала пукнатина на носот, Стефан Спировски е добар и се врати на тренинзите, додека Енис Барди денес излегува од изолација. Тој ќе може да одработи индивидуални тренинзи додека не добие негативен тест. Ние со нетрпение го чекаме тоа за да се врати на групните тренинзи, изјави Ангеловски на денешната прес-конференција.

Натпреварот ќе се игра утре од 17 часот на Националната арена „Тодор Проески“.