Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски се прости од својот пријател Марио Ѓурчиновски кој почина денеска.
-Денес тагувам за еден голем професионалец Марио Ѓурчиновски со кој сум работел, почивај во мир пријателе. Емотивно сум вознемирен од денешната вест за твојата ненадејна смрт. Твојот хумор засекогаш ќе го паметам. Во Германија ми ја покажа сликава и ми рече: Гледаш кој ти чува леџа, напиша Ангеловски.