сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Англија е шампион на Европа за фудбалери до 21 година

Англија е шампион на Европа за фудбалери до 21 година

Младата фудбалска репрезентација на Англија за играчи до 21 година ја освои титулата европски првак, откако во финалето кое се одигра во Батуми, Грузија ја совлада Шпанија со 1:0 .

Стрелец на единствениот гол беше Куртис Џонс во  продолжението од првото полувреме, а херој беше голманот Џејмс Трафорд, кој го спаси голот од капитенот на Шпанија Абел Руиз од ВАР пенал во продолжението од второто  полувреме.

Англичаните испишаа историја бидејќи ја освоија титулата без примен гол.