петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Англија и Шкотска следната година одбележуваат 150 години од првиот фудбалски натпревар

Англија и Шкотска следната година одбележуваат 150 години од првиот фудбалски натпревар

Фудбалските репрезентации на Англија и Шкотска ќе одиграат идниот септември пријателски натпревар со кој ќе одбележат 150 години од првиот меѓународен дуел во историјата на светскиот фудбал.

Англија и Шкотска го одиграа првиот меѓусебен натпревар на 30 ноември 1872 година, но, поради згуснатиот и календар сезонава и совпаѓањето на 150- годишнината со Светското првенство во Катар, одбележувањето на јубилејот е поместено за 2023 година.

Англија и Шкотска досега одиграле 115 меѓусебни натпревари, од кои последниот во рамки на групната фаза на ЕУРО2020.

Досега Англија има 48 победи, Шкотска 41, а 26 натпревари меѓу двете земји завршиле нерешено.