Навивач на англиската фудбалска репрезентација заврши во болницата во Волгоград по несреќата што ја доживеал во пресрет на натпреварот со Тунис одигран синоќа во Волгоград.
– Англискиот навивач најверојатно при пад на тврда површина претрпел потрес на мозокот, кај него се дијагностицирани повеќе повреди и фрактури, соопшти претставникот на регионалната здравствена комисија. Тој истакна дека повредениот високо ја оценил ефикасноста и квалитетот на медицинската нега што му била дадена.
Несреќниот фан немаше можност во живо да ја проследи победата на Англија над Тунис со 2:1.