вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Англиски репрезентативец обвинет за обложување, му се заканува доживотна суспензија

Англиски репрезентативец обвинет за обложување, му се заканува доживотна суспензија

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) денеска покрена дисциплинска постапка против фудбалерот на Брентфорд, Иван Тони, бидејќи во последните четири години 232 пати ги прекршил правилата за обложување.

Талентираниот напаѓач го прекршил правилото од 2017 до 2021 година, според кое фудбалер кој настапува за англиски клубови не може да се обложува или да бара од други да го сторат тоа во негово име.

Исто така, играчите не смеат да споделуваат информации кои би можеле да бидат корисни за луѓето кои се обложуваат.

Фудбалската асоцијација на Англија има строги правила за обложување и доколку некој фудбалер биде прогласен за виновен, може да биде казнет, ​​суспендиран, а во некои случаи може да добие и доживотна суспензија.

Тони, кој оваа сезона постигна десет гола во Премиер лигата, има седум дена да одговори на обвинувањата.

Тој беше меѓу кандидатите за селекцијата која ќе настапи на претстојното Светско првенство, но селекторот Герет Саутгејт не го стави на списокот од 26 фудбалери кои ќе играат во Катар.