сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Англискиот Форест грин роверс прв „зелен“ фудбалски клуб во светот

Англискиот Форест грин роверс прв „зелен“ фудбалски клуб во светот

Англискиот фудбалски клуб Форест грин роверс, кој настапува во англиската четврта лига, стана првиот професионален фудбалски тим на светот, кој доби сертификат од Обединетите нации дека не ја загадува природата со јаглероден диоксид.

Клубот во оваа насока презема неколку мерки, при што почна да употребува само возила на електричен погон, а на играчите, персоналот и на навивачите им се служат само вегански оброци.

– Фудбалските клубови можат да влијаат врз општеството и да поттикнат промени. Но, за тоа да го направат мора да дадат добар пример, изјави сопственикот на клубот и директор на компанија за обновлива енергија Дејл Винс.

Нивниот стадион во целост фунционира на обновлива енерија, а има капацитет од 2.000 места.

МИА