Англискиот селектор Герет Саутегејт го дефинираше списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на Европското првенство во фудбал.
Саутгејт ги повика Хари Мегваер и Џордан Хендерсон кои се уште не се рехабилитирани од повредите, а последни отпаднаа Џеси Лингард, Оли Воткинс, Арон Рамздејл, Бен Вајт, Бен Годфри и Џејмс Ворд-Праус.
Интересно, во составот на англиската репрезентација нема ниту еден дебитант во националниот тим, а Саутгејт ќе ги тестира своите избраници против Австрија и Романија. Англија го започнува настапот на ЕП против Хрватска на 13. јуни, а потоа следуваат дуелите со Шкотска и Чешка.
Голмани: Хендерсон, Џонстон, Пикфорд
Одбрана: Стоунс, Шоу, Мегваер, Александер-Арнолд, Вокер, Мингс, Џејмс, Коади, Чилвел, Трипие
Среден ред: Маунт, Рајс, Хендерсон, Белингам, Филипс
Напад: Кејн, Рашфорд, Стерлинг, Калверт-Луин, Фоден, Грилиш, Санчо, Сака