четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Англиските клубови оваа зима потрошија рекордни 440 милиони фунти за засилувања

Англиските клубови оваа зима потрошија рекордни 440 милиони фунти за засилувања

Клубовите од англиската Премиер лига го соборија рекордот по трошење пари за засилувања во зимскиот преоден рок.

Премиерлигашите потрошија 440 милиони фунти на трансфери во зимскиот трансфер прозорец.

Последниот рекорд беше поставен во 2018 година, кога англиските клубови потрошија 430 милиони фунти во јануари.

Челзи беше најголем трошач оваа зима, а новите трансфери го чинат клубот околу 180 милиони фунти. Во овој преоден рок „сините“ потпишаа со Михаил Мудрик, Беноит Бадијашиле, Нони Мадуеке, Андреј Сантос, Давид Фофан и го позајмија Жоао Феликс.