Аргентинскиот играч за врска на Пари Сен Жермен, Анхел ди Марија е казнет со четири натпревари за однесувањето за време на скандалозното дерби со Марсеј во третото коло од Лига 1.
Казната беше изречена за плукање кон дефанзивецот на Марсеј, Алваро Гонзалес.
Ова се случи за време на скандалот меѓу играчите на двата тима, а се почна по кавгата помеѓу Гонзалес и Нејмар.
Бразилецот го обвини противникот за расизам, бидејќи наводно бил наречен „валкан мајмун“.
Самиот Гонзалес негираше дека ги изговорил тие зборови. (МИА)