Јувентус доживеа неочекуван пораз од Макаби Хаифа во Лигата на шампионите (2-0), резултат со кој калчолигашот направи голем чекор назад во обидот да обезбеди пласман во елиминациската борба во ова натпреварување.
Овој пораз беше ново големо разочарување, па многумина помислија дека управата на „старата дама“ конечно ќе реагира и ќе му даде отказ на тренерот Масимилијано Алегри. Меѓутоа првиот човек на клубот, Андреа Ањели излезе со сосема поинаков став и порача дека популарниот Макс сигурно осанува до крајот на сезоната.
-Ова е тешка ноќ во тежок период. Ова е еден од најтешките периоди и момент за преземање одговорност, поради тоа сум тука. Се чувствувам засрамен поради се што се случува, лут сум, но знам и дека фудбалот се игра со 11 момци, губиш и победуваш со 11.
-Во ваква ситуација, не се работи за една личност. Тоа е прашање со кое треба да се занимава цела група. Се срамиме, им се извинуваме на нашите навивачи, бидејќи знаеме дека тие мора да се срамат да шетаат наоколу во моментот. Алегри е тренер на Јувентус и ќе остане како тренер на Јувентус, -рече Ањели кој ги отфрли информациите на медиумите дека Макс не добива отказ само затоа што треба да му исплати големо обештетување.
-Јувентус секогаш ги оценувал ситуациите на крајот на годината. Секогаш се борев да размислувам за отказ во текот на една сезона и продолжувам да верувам во тоа. Ова е група од 80-90 луѓе кои работат овде и мораме повторно да го откриеме нашиот дух, дозволувајќи му на тимот да ги стави своите квалитети на теренот, -заклучи претседателот на „старата дама“.