петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Анри го знае проблемот на Меси во ПСЖ: Мора да направат промена на една позиција

Анри го знае проблемот на Меси во ПСЖ: Мора да направат промена на една позиција

Легендата на „топчиите“, Тиери Анри, смета дека Аргентинецот Лео Меси, мора да игра во средината, а не по десно крило и дека тоа е еден од проблемите во ПСЖ.

Меси во Лига 1 има одиграно 4 натпревари, а на теренот има минато вкупно 280 минути. Сепак, во четири меча не успеа да постигне гол, ани асистенција, но тоа го стори во ЛШ, каде постигна три гола.

ПСЖ во последниот лигашки меч одигра нерешено против Марсеј нагости, а на прашање од новинарите, зошто Меси нема добар скор на почетокот во Лига 1, Анри одговори.

„Тој е изолиран од тимот, топката му е сепак премалку во нозете. Не сакам да кажам дека е тажен, но тој е изолиран од играта. Јасно е дека на десната страна има проблеми. Мораат да најдат подобар начин за Меси, Нејмар и Мбапе играат перфектно и заедно. Тој треба да игра во средината, сакам да го видам таму“, истакна Анри.