среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анри: Монако испливува, но се уште не е на сигурно

Анри: Монако испливува, но се уште не е на сигурно

Тренерот на Монако, Тјери Анри смета дека не треба да залажува победата над Амиен (2:0) оставрена синоќа во натпревар од 16. коло на  француското првенство. Ова е втора победа на Монако под водство на Анри.

– Ние испливуваме, но сепак не се многу сигурни, понекогаш пак сме под вода. Ни треба серија победи за да може да дишеме длабоко. Треба да продолжиме напорно да работиме пред големиот натпревар со Ница. Ова е дерби, ова е многу важен дуел за нас. Победата над Амиен треба да ни е мотив плус, изјави Анри.

Во пресрет на преостанатите натпревари од колото, Монако со 13 бода за прв пат по подолго време излезе од зоната на испаѓање на табелата во Лига 1.

МИА