Тјери Анри по долгогодишната кариера во Арсенал одлучи да заигра за Барселона. Во периодот минат во Шпанија доби шанса да се надигрува со Реал Мадрид, во популарното „Ел Класико“.
Францускиот напаѓач моментално работи како фудбалски аналитичар во „Скај Спортс“. По повод епскиот пресврт на „кралевите“ во трите двомеча од нокаут фазата во Лигата на шампионите тој даде интересна изјава која ги радува фановите на каталонскиот клуб.
„Сите европски клубови му се плашат на Реал, а Реал се плаши од Барселона. Лично јас мислам дека Ливерпул ќе ја освои титулата во Лигата на шампионите. Тимот на Клоп е многу посилен од Реал Мадрид“, рече Анри.
Финалето во Лигата на шампионите оваа година требаше да се одигра во Санкт Петербург. Поради воениот конфликт меѓу Русија и Украина, мечот за титула беше преместен во Париз (28 мај).