Грчката НБА-ѕвезда Јанис Антетокумпо испрати урнебесна порака до саудиски Ал Хилал, откако денеска овој клуб испрати понуда која е светски рекордна од 300 милиони евра за да го купи Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, а на Французинот му нуди 700 милиони евра за една година.
Додека трае сагата за француската суперѕвезда, а саудијците се надминаа со понудата која практично не се одбива, Антетокумпо на Ал Хилал му порача дека може и него да го земат, зашто – личел на Мбапе.
„Ал Хилал може мене да ме земете. Личам на Мбапе“, објави Антетокумпо.
Al Hilal you can take me. I look like Kylian Mbappe 😂😂👀 pic.twitter.com/VH0syez3VX
— Giannis Antetokounmpo (@Giannis_An34) July 24, 2023