недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Антони: Страв во фудбалот? Ги дриблав дилерите и гангстерите, морав да прескокнувам мртви тела…..

Антони: Страв во фудбалот? Ги дриблав дилерите и гангстерите, морав да прескокнувам мртви тела…..

Антони е дел од силната бразилска селекција која важи за еден од главните фаворити за освојување на трофејот на Светското првенство, турнир кој доаѓа како вистинска награда за него по напредокот кој го забележа во изминатите три-четири години.

Фудбалерот кој направи скап трансфер во Манчестер Јунајтед се истакнува со својата брзина и извонредните дриблинзи карактеристични за бразилските играчи, но и покрај големите критики кои ги доби од јавноста за прекумерното финтирање, Антони вели дека никогаш нема да го промени својот стил.

Тешкиот животен пат кој го имал во фавелата во Сао Пауло направиле да изгради силен карактер и убедувања, па во најавата за мундијалот во Катар, уште еднаш потсети дека вистинскиот страв го доживеал во детството, по што притисокот во фудбалот нема никакво влијание врз неговата психа.

– Јас бев роден во пеколот и тоа не е шега. За моите европски пријатели кои не се упатени со случувањата во Бразил, мојата фавела во Сао Пауло се викаше „Инфернињо“, или во превод „мал пекол“. Тоа е непопуларно место во Бразил, на 15 метри од мојата куќа секогаш имаше дилери, си додаваа дрога од рака на рака.

– Живеев во такво опкружување, но мојот брат секој ден ме вадеше на улица да играме фудбал. Во фавелата, сите играат заедно. Деца, возрасни, учителки, градежници, возачи на автобуси, дилери, гангстери и криминалци. Во фудбалот, сите се еднакви. Бидејќи бев помал од никој, навистина немав страв и не се плашев од никого. Со дарбата од Бог, успевав да ги дриблам сите. Ги дриблав со природен инстинкт, ги дриблав дилерите и гангстерите, ги прелетував возачите на автобус, им ја протнував топката меѓу нозе на останатите. Навистина не ми беше грижа кој стои пред мене.

– Тоа направи да немам никаков страв. Еднаш, кога одев накај училиште, видов како човек лежи на улица. Кога се приближив, видов дека е мртов. Имав 8 или 9 години, ги затворив очите и само го прекокнав телото. Поради такви работи, не чувствуам страв и притисок на фудбалскиот терен. Кога растете во околности при кои мора да прескокнувате мртви тела, не можете да бидете исплашени од ништо во фудбалот, – вели Антони.