среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Арапите ја пречекаа делегацијата на Барселона во Катар и излегоа со разочарувачко соопштение за Чави (Фото)

Арапите ја пречекаа делегацијата на Барселона во Катар и излегоа со разочарувачко соопштение за Чави (Фото)

Делегацијата на Барселона се упати кон Катар веднаш по завршувањето на вчерашниот меч против Динамо Киев во Лигата на шампионите, но оваа вечер од арапската земја пристигнаа лоши вести за навивачите на клубот кои силно веруваа во кам-бек на легендарниот Чави како тренер на првиот тим.

Како што стојат работите во овој момент, Жоан Лапорта и одговорните лица на Барселона ќе мора да бараат алтернатива за тренерската позиција, или да му дадат доверба на подолг период на Серхи Бархуан кој беше назначен за привремен тренер по отказот кој му беше врачен на Роналд Куман.

Ал Сад вечерва излезе со две официјални соопштение за посетата од претставниците на Барселона, на кои јасно им било порачано дека клубот нема да го ослободи Чави во овој момент поради комплицираниот период кој следи за првиот тим.

– Добродејдено гледаме на административната посета од делегацијата на Барселона и навистина го почитуваме ова, – гласи првата објава на извршниот директор Турки Ал Али, кој во втората објава ја соопшти лошата вест за управата и навивачите.

– Позицијата на клубот е јасна од самиот старт: Посветени сме на тоа да го задржиме нашиот тренер Чави со нас, не можеме да дозволиме да си оди во овој деликатен момент од сезоната, – додава оперативецот.