среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Арда Туран се враќа во Турција

Арда Туран се враќа во Турција

Турскиот фудбалер Арда Туран, кој неколку години настапуваше за шпанските екипи Атлетико Мадрид и Барселона, се враќа во Турција.

Тој утре или најдоцна в петок ќе ги засили редовите на турскиот суперлигаш Башакшехир.

– Трансферот е договорен. Арда беше наша цел подолг период и благодарност до претседателот на клубот за реализацијата на трансферот, изјави тренерот Абдулах Авџи.

Оваа екипа претхдната сезона беше вистинско изненадување во турскиот шампионат и го освои второто место зад првакот Бешикташ, а во новиот шампионат на половина од првенството се наоѓа на првата позиција.

Триесет и едногодишниот Туран во Барселона дојде во 2015 година, но одигра само 36 натпревар, додека подобри настапи имаше во Атлетико Мадрид каде одигра четири сезони. Својата кариера ја почна во Галатасарај, а за репрезентацијата на Турција има одиграно 100 натпревари.