четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аргентина и Колумбија се пласираа во полуфиналето на Копа Америка

Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше во полуфиналето на Копа Америка откако ноќеска славеше над Еквадор со 3-0.

Најзаслужен за убедливата победа на „гаучосите“ беше Лео Меси кој одигра нов одличен натпревар кој го закити со гол и две асистенции. Асот на Аргентинците прво асистираше во 40. минути при голот на Де Пол, потоа го додаде и клучното додавање за погодокот на Мартинез во 84. минута од натпреварот, а во третата минута од судиското дополнување од слободен удар ги постави конечните 3-0.

Во полуфиналето од Копа Америка, Меси и Аргентина ќе се сретнат со Колумбија која славеше над Уругвај по изведување на пенали откако по регуларниот дел и продолженијата двете селекции не успеаја да постигнат гол.