Аргентина рутински го доби денешниот пријателски натпревар против ОАЕ во Абу Даби, но селекторот Лионел Скалони предизвика сериозно внимание со изјавата дадена по овој дуел.
Скалони најавил пред новинарите дека може да направи промени во составот пред почетокот на СП, а главна цел ќе биде да ги елиминира играчите кои не се физички подготвени за напорите кои следуваат.
Според аргентинските медиуми, ова се однесувало на Пауло Дибала и Нико Гонзалес, фудбалерите кои имаа проблеми со повреди и затоа и не се во најдобра форма во пресрет на почетокот на мундијалот.
– Во тимот имаме фудбалери кои не се на потребното ниво на физичка подготвеност. Имам можност да го променам составот, останува да видиме што ќе се случи, – изјавил Скалони.
Аргентина го отвора мундијалот на 22. ноември против Саудиска Арабија.