вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аријан Адеми: Го гледав неверувањето во лицата на моите колеги од репрезентацијата

Аријан Адеми:  Го гледав неверувањето во лицата на моите колеги од репрезентацијата

Се уште владее атмосферата во таборот на македонската репрезентација и кај навивачите на Македонија по големата победа над Германија.Еден од творците на победата Аријан Адеми даде свое видување по натпреварот со големиот фаворит.

Не патувавме таа ноќ веднаш за Македонија, преноќивме во Германија, па по натпреварот седнавме со ладни глави, ги споделивме впечатоците, малку и прославивме. Но ќе има време за славје, одиме од натпревар во натпревар, Добивме многу честитки по победата, тогаш дури станавме свесни за нашето постигнување. Не успеав да стигнам да им се заблагодарам на сите, но ја користам оваа прилика да им заблагодарам за поддршката, тоа ни значи“.

Околу прашањето како загубија од Романија, а ги победија Лихтенштајн и Германија:

Тоа е фудбалот, па затоа е најдобрата споредна работа во светот. Заминуваш во Германија, сите ти даваат шанси во промили, а вие им враќате со три бода. Но оваа победа ќе значи нешто дури откако ќе го исполниме зацртаното. Зошто би биле овде три бода, а не успееме да стигнеме таму каде што посакуваме. Германија беше фаворит, но не се вонземјани. Најмногу по оваа победа ќе се сеќавам на неверувањето кај играчите, кои едноставно не можеа да веруваат што направивме по последниот судиски свиреж. Како да се прашувавме сами себе, дали е можно да ги победивме Германците на нивни терен? Но и тие беа исклучително коректни. Сите играчи им се професионалци кои знаат да се однесуваат согласно со својата репутација и по натпреварот сите ни честитаа“, порача Адеми за хрватските медиуми.