вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аријан Адеми го пропушта мечот со Романија

Аријан Адеми го пропушта мечот со Романија

Македонската фудбалска репрезентација, за три дена во Букурешт ќе ги започне квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.

Македонија во четврток, ќе гостува во Романија, а потоа ја очекуваат дуелите со Лихтенштајн и Германија.

За првиот меч селекторот Игор Ангеловски, се соочува со сериозен проблем. Поради повреда против  Романија нема да настапи Аријан Адеми.

Адеми, се повреди, во големата победа која ја извојува Динамо против Тотенхем, во Лига Европа. Капитенот на Динамо, теренот против Тотенхем го напушти во 117-та минута.