Македонскиот интернационалец Аријан Адеми и дефинитивно направи кам-бек во Динамо Загреб.
Динамо ги финишира повеќе дневните преговори со кинескиот клуб за кој изминатиот период настапуваше Адеми, работите беа на ден два закочени, но сепак, на крајот Адеми повторно се враќа во старото јато.
Адеми многу посакуваше да се врати во Динамо бидејки не му одговараше фудбалскиот стил во кинескиот клуб за кој потпиша.
Динамо за да го донесе назад се согласил на сите услови кои ги диктирале од кинескиот клуб. Прва опција била Динамо да го добие Адеми на позајмица, а Динамо и тоа го прифатил. Втора опција била да го добијат на позајмица со можност за откуп на неговиот договор, но на крајот тој дефинитивно се врати како играч на Динамо.
Со оглед на тоа дека во Хрватска вечерва се завршува трансфер пазарот, овој трансфер е како кец на десетка за клубот од Загреб. Адеми по раскин на договорот со Пекинг, се враќа во Динамо како слободен играч.