сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аријан Адеми избран за најдобар фудбалер на Динамо Загреб во вториот дел од сезоната

Аријан Адеми избран за најдобар фудбалер на Динамо Загреб во вториот дел од сезоната

Динамо Загреб ја одбрани шампионската титула во Хрватска, а за најдобар фудбалер во вториот дел од сезоната 2021/22 е избран Аријан Адеми. Тој доби најмногу гласови во анкетата во која учествувале повеќе од 2.300 навивачи.

Адеми имал 32 отсто од вкупните гласови и за нијанса бил подобар од Мислав Оршиќ со 31,5 отсто од гласовите.

„Чест ми е да примам една ваква награда, од гласови од навивачите. Во вториот дел од сезоната игравме одлично, па иако имавме и мала криза, сепак заслужено ја освоивме шампионската титула“, изјави Адеми.