петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аријан Адеми избран за седми најдобар фудбалер во последните 50 години во Хрватска

Аријан Адеми избран за седми најдобар фудбалер во последните 50 години во Хрватска

Македонскиот фудбалски рпрезентативец Аријан Адеми се најде на 7. место во изборот за најдобар фудбалер во последните 50 години во историјата на хрватскиот фудбал. Гласањето кое го спроведе весникот „Вечерњи Лист“ траеше скоро еден месец.

Адеми кој е вистинска легенда и капитен на Динамо од Загреб се најде меѓу 50-те номинации за најголеми фудбалери во изминатите 50 години во Хрватска.

Убедливо најдобар фудбалер во Хрватска во последните 50 години е Лука Модриќ, а Давор Шукер заврши на 2. место во изборот.

Во ТОП 5 се најдоа и Роберт Просинечки, Зонимир Бобан и Марио Манџукиќ.