Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми ќе биде подготвен за дуелот против Италија кој на 24 март го играме во Палермо во рамките на баражот за пласман на Светкото првенство во Катар.
Членот на Динамо Загреб заработи повреда на дуелот против Локомотива во домашното првенство, па поради истата го пропушти реваншот со Севилја во 1/16 финалето на ЛЕ и дербито против Осијек кој актуелниот хрватски шампион го загуби со 1-0.
Тој според информаците на хрватските медиуми ќе го скокне и дуелот со Шибеник, но ќе биде спремен за пресметката со Хајдук која е закажана за 12 март на „Пољуд“.
Ова значи дека ако се реализираа најавите тогаш големиот борец ќе му биде на располагање на нашиот селектор Благоја Милевски за баражот со Италијанците кој го играме на „Ренцо Барбера“.