Аријан Адеми ги надмина проблемите со незгодната повреда на мускулот и би требало да биде максимално подготвен за септемвриските квалификациски средби на македонската репрезентација во рамките на квалификациите за пласман на СП 2022 година во Катар.
Капитенот на Динамо Загреб се повреди во квалификациите за ЛШ, а за момент му се предвидуваше и подолга пауза, но последние информации се охрабрувачки и за Адеми и за нашиот национален тим.
Имено, македонскиот интернационалец веќе почнал со тренинзи и се чувствува одлично, па наскоро ќе може да се врати на терените. Адеми ќе може да настапи за Македонија во продолжението од овој циклус. Нашиот национален тим има две победи во првите три кола, со што има можност со триумф на домашен терен над Ерменија да се искачи и на првото место во групата. По тој меч, избраниците на Милевски ги очекува гостување против Исланд, па веднаш потоа и домашен натпревар со Романија.